Филм & ТВ

Филм за „Барби“: Марго Роби во главната улога

Марго Роби ќе ја толкува улогата на легендарната кукла Барби во игран филм. Ѕвездата од „Одредот на отпишаните“ (Suicide Squad), „Јас, Тонија“ и „Мери, кралицата на Шкотска“, исто така ќе работи и на продукцијата на филмот.

Во интервју, Роби изјавила дека играњето со оваа кукла поттикнува самодоверба, љубопитност и комуникација.

„Чест ми е да ја играм оваа улога и верувам дека истата ќе има позитивно влијание врз децата“, посочи актерката.

Дваесет и осумгодишната актерка вели дека не можела ни да си замисли подобри „родители“ од „Варнер Брос“, како и креаторот на Барби – „Мател“. Филмот допрва треба да го објави официјалниот наслов, режисер и датум за премиера, а претставува прва соработка помеѓу овие две компании.

„Марго е идеален избор за продуцент и актерка која ќе го оживее ликот на Барби на нов, свеж начин кој е релевантен за публиката денес“, вели Тоби Емерич од „Варнер Брос“.

Прочитајте и...  13 ѓаволско прекрасни филмови за кои нема да зажалите што сте ги изгледале
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top