Здравје

Физиотерапевтски совет и лекување ишијас

Ишијасот претставува болка во грбот која се спушта кон едната страна од двете нозе, познат е уште како Лумбоишијалгија, а настанува со притискање на нервот ишијаликус. Ишијаликусот е најдолгиот нерв во периферниот нервен систем. Ишијасот настанува поради дегеративните промени и прераното стареење на дискусите меѓу прешлените, тука исто така спаѓа и неправилното седење, носење на несоодветни кондури, патики и чевли но и вишок на килограми. Оштетен дискус исто така може да предизвика ишијас.

Симптоми

Најчести симптоми се болка и трнење во лумбалната рбетна кичма. Ваквата состојба настанува од оптеретување и кревање на тешки предмети и тежини. Болката од долниот дел на лумбалната кичма се протега и се спушта преку задникот, колкот, задниот дел од надколеницата, преку подколеницата се до прстот од ногата. Болката може да биде постојана или привремена.

Дијагноза и лекување

Физиотерапевтот прави проценка по прегледот во зависност од симптомите и болката. Доколку станува збор за поголемо оштетување на нервот пациентот се испраќа на (ЕМГ) Електромиографија каде преку самата слика ќе се направат дополнителни анализи и се започне постапка за лекување со трајно заклучно решение на физиотерапевтска успешност.

Прочитајте и...  За што сè е добар ѓумбирот?

Превенција

За намалување ризик од појава на ишијас и болка, потребно е: Спиење на тврд душек, анатомска перница помеѓу колената во текот на спиењето како и држење на рбетниот столб во максимална посветеност и исправеност во текот на подолго седење и одење. Исто така препорачливо е и правилно вежбање и одржување на активна физичка активност теретана, трчање, возење велосипед или статичен точак.

Пишува: Илија Жежов, физиотерапевт
Центар за масажа и одржување на телото
ФИЗИОТРАПЕВТ-ЗДРАВЈЕ Гостивар
078/220-785

Најпопуларно


To Top