Психологија

Формула на психологот Ебингхаус: Како да запомнете сè што сте учеле

Учиме и стекнуваме нови знаења во текот на целиот живот, но и натаму не знаеме сè затоа што процесот на заборавање е неминовен при запомнувањето. Зошто се случува тоа?

Страницата Bright Side претстави одредени формули според кои можеме да задржиме повеќе научени информации од вообичаеното. Една од нив е и формулата за подобро помнење на германскиот психолог Херман Ебингхаус.

Нашиот мозок нè штити од премногу непотребни информации. Затоа сите нови информации се складираат во делот задолжен за краткорочно помнење, а не во оној за долгорочно. Ако новото знаење не се повторува и не се користи, брзо ќе се заборави.

Кривата на заборавање на Ебингхаус покажува дека само еден час по учењето, забораваме повеќе од половина ново научени информации. Недела дена подоцна, паметиме само 20 проценти.

Како да се запомнат максимално новите научени информации?

Временска техника на повторување

За брзо да научите:

I   повторување: веднаш по учењето
II  повторување: по 15-20 минути
III повторување: по 6-8 часа
IV повторување: по 24 часа

Прочитајте и...  Нарцис, психопат и социопат: Како да ги забележите разликите

За да научите долготрајно:

I   повторување: веднаш по учењето
II  повторување: по 20-30 минути
III повторување: по 24 часа
IV повторување: по 2-3 недели
V  повторување: по 2-3 месеци

Најпопуларно


To Top