Македонија

ФОТО: Млада докторка од Кочани заедно со дечиња прави прекрасни креативни изработки од отпад

Отпад кој би завршил во канта, д-р Наталија Милорадовска од Кочани го претвора во прекрасни детски играчки.

Неретко ги изработува заедно со дечиња. Така, сламки, искористени чашки, разни кутичиња, копчиња, салфетки, шишиња се претвораат во кукли Бетмен, камиончиња, замоци, животински фарми, интересни кутии за подароци.

Докторката објаснува зошто е значајно децата да се вклучуваат во вакви активности.

Д-р Милорадовска е специјализант во Институтот за јавно здравје.
– Креативноста е дефинирана како човекова способност да пронајде оригинално решение на зададен проблем. Една од значајностите на креативноста е дивергентното размислување, т.е. размислување насочено кон многу потенцијални решенија, наспроти конвергентното размислување кое претставува фокусирање на едно „точно“ решение. Користам различни материјали и предмети кои не би ги употребиле за друго, но најчесто такви што не се опасност за детето, за да не се повреди – вели Наталија.

Прочитајте повеќе и погледнете ги изработките на Деца.мк.

Прочитајте и...  Прекрасна акустична верзија на „Proud“ од Тамара Тодевска и Роберт Билбилов

Најпопуларно


To Top