
Во последните неколку месеци, Родриго го нарекуваат со чудни имиња. Повеќе не сака да изгледа како кукла, туку спротивно.
Зависникот од естетски операции Родриго Алвес се прослави во јавност токму поради тоа, а сега му е доста од изгледот како кукла. Сепак, сето тоа не може сега да го отфрли.
„Ме нарекуваа човечки Кен и добро ме плаќаа за тоа. Затоа морав да го одржувам стилот. Косата мораше да ми биде до крај избелена, без израстоци, морав да бидам слаб и да носам различни одела за да ги оправдам очекувањата на другите. Во последните неколку месеци не го сакам тоа повеќе“, вели Родриго.
Тој пушти коса и вели дека конечно се чувствува прекрасно и како што треба, но жал му е затоа што ќе разочара некои луѓе.

