Кога не сте опркужени со животни ретко размислувате за опасностите со кои овие животни постојано се среќаваат.
Ова вклучува предатори кои се во постојана потрага по нивниот следен плен, луѓе кои се обидуваат да заработат од вредните делови од телото на животните, но и опасности со кои животните се среќаваат на патот. Токму тоа се случи во оваа приказна.
Едно слатко, мало слонче се лизнало во канал под железничка пруга во Асам, Индија. За среќа, возот застанал, а десетици патници веднаш излегле за да го извлечат слончето на безбедно место.




Иако слончето било исплашено, сите се сигурни дека тоа сега среќно си игра со неговите пријателчиња.
Колку е убаво тоа што жителите и патниците од возот веднаш се обиделе да му помогнат на ова слонче.
Прекасно е што луѓето им помагаат на животните без да очекуваат нешто за возврат!