ФОТО: Среде ден – мрак во Сао Паоло поради пожарот во Амазонија

Најголемиот град во Бразил, Сао Паоло, во понеделникот потонал во мрак среде ден откако над него се надвил облак чад од пожарот во Амазонија.

17512788 0 image a 13 1566368017047

Над градот се формирале црни облаци, кои се задржале околу еден час, јави Фокс њуз.

Метеорологот Надал Виљела изјави дека затемнувањето на небото било многу интензивно. Од Националниот институт за метеорологија велат дека тој феномен е резултат на комбинација на неколку фактори: студена струја, влажен воздух и ветрови кои носат честички од пожарите кои беснеат во Парагвај и Боливија, оддалечени повеќе од 2.700 километри од Сао Паоло, пренесува Б92.

17512350 7376303 image a 1 1566366770602

Податоците на бразилската Агенција за вселенски истражувања покажуваат дека оваа година рекорден број пожари се евидентирани во дождовните шуми во бразилскиот дел на Амазонија. Годинава во прашумите гореја 83 отсто пожари повеќе отколку во 2018 година, соопшти Агенцијата.

1ff8e42de8d2da43a159620b68c9d6d2

Најголемата дождовна шума во светот – Амазонија е клучна во борбата против глобалното затоплување. Шумските пожари вообичаено се случуваат за време на сушната сезона во Бразил, но и намерно се палат со цел расчистување на шумата заради простор за одгледување стока.

sao paolo1 700x394

Податоците на Агенцијата за вселенски истражувања покажуваат дека повеќе од 72.000 пожари гореле меѓу јануари и август оваа година во бразилскиот дел на Амазонија. Ова е најголемиот број забележен од кога почнала да се води евиденција во 2013 година. Од Агенцијата соопштија дека до минатиот четврток евидентирани се над 9.500 пожари, главно во Амазонија.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.