in

ФОТО+ВИДЕО: Ја воодушевија и расплакаа публиката: Македонците победници на „Никад није касно“

Во четвртата сезона на талент шоуто „Никад није касно“ победија македонските натпреварувачи Бејхан Рамов и Ленче Кукиќ.

842a9dc5a4a9c7444a689a385454db77bd5a07f7

Бејхан доби најмногу СМС гласови од публиката, а наградата му ја врачи Лепа Брена.

– Добро се чувствувам, сакам да пеам и на турски и на српски јазик. Шериф Конјевиќ ми е идол – изјави Рамов по победата.

Бејхан има 45 години и доаѓа од Битола. Со музика почнал да се занимава уште на 9-годишна возраст. Во тоа време пеел турски хитови поради потеклото на неговата мајка. Веќе на 13 години бил приморан да заработува како ѕидар. Се оженил на само 16 години и сега има три деца и еден внук. 

Ленче Кукиќ која ѝ е добро позната на македонската јавност, ги собра симпатиите на стручното жири, а беше најдобра и според гласовите на Фејсбук.

– Ви благодарам за ова, не знаете колку многу ми значи. Уште сум под импресии. Можам да ви ветам дека ќе продолжам да сонувам и да ја изненадувам публиката – рече Кукиќ откако ѝ го врачија признанието.

bb9240c6ffd5a41babaf7d95c126a2dafb7b2595

Нејзиниот сопруг Горан Кукиќ победи во првата сезона на истото шоу. Веќе две децении заедно настапуваат со бендот „Јупитер“.

Прочитајте и...  „Зајди,зајди“ во спектакуларна изведба на Душан Свилар (ВИДЕО)

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote