Покрај водите на Јадранското и Јонското Море, се кријат најубавите плажи на брегот кој ѝ припаѓа на Албанија.
Ksamil
Тиркизна вода и песочни плажи кои слободно може да бидат конкуренција на егзотичните плажи, а секое патување до околните острови е шанса да откриете некоја дива плажа.

Himara
Ќе се зачудите од грчкиот шмек кој го имаат плажите во близина на Himara, но и ќе се воодушевите од кристално чистата вода.

Dhërmi
Најпопуларната плажа, без конкуренција, на која ќе најдете мешавина од ситен песок, до крупни карпи. Водата е чиста, со прекрасна сина боја, а веднаш покрај плажите има голем број ресторани и места за ручек и релаксација.

Jalë
Уште една плажа која во сезоната е туристичка атракција заради забавата која се нуди тука.

Golem
Најфреквентната плажа која е доволно широка и долга за да собере илјадници туристи. Покрај неа, како што е редот, има многубројни локали за оброк и пијалаци.

Pasqyra
Плажа која важи за скриеното богатство на Албанија. Добро, можеби не толку скриено, посебно во август, но е добро место за релаксација и поглед на чистата вода. Малку е подалеку од хотелите, но затоа е исклучиво чиста.
