Видео

ФОТО+ВИДЕО: Најживописните гробишта во светот

Во културата на Гватемала задгробниот живот е исклучително популарен што лесно може да биде видливо и од начинот на кој изгледаат гробиштата на земјата.

najzivopisnije groblje gvatemala 1 180425239

Во многу држави во светот смртта се асоцира со црната боја, симболизирајќи тага, додека во Гватемала разновидните бои одат рака под рака со тагата.

najzivopisnije groblje gvatemala 2 132607751

“Шарените” гробишта се расфрлани низ провинциите на земјата, која се наоѓа во Централна Америка. Истакната карактеристика за нив е дека надгробните споменици се насликани во различни бои – од жолта и розева, до црвена и сина боја.

najzivopisnije groblje gvatemala 3 472190133

Всушност изборот на конкретната боја не е случаен – обично тоа е омилената боја на починатиот човек , на тој начин уште еднаш се почитува неговиот спомен.

najzivopisnije groblje gvatemala 4 866310247

Некои од овие шарени гробишта, како оние во Солола и Чичикастенанго , станаа туристички атракции . За време на Сите Светци на 1 ноември, односно денот на мртвите, многу од гробиштата во Гватемала стануваат место за ритуали и молитви за луѓето кои веќе не се на овој свет.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Како изгледа сурфање на најголемиот бран на светот
najzivopisnije groblje gvatemala 5 892833794

Понекогаш локалните жители се облекуваат во шарени алишта и пуштаат во воздухот обоени летала , на кои се напишани различни пораки. На овој начин луѓето веруваат дека можат да комуницираат со мртвите.

najzivopisnije groblje gvatemala 6 512369688

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top