Галерија

Фотограф ги отстранува електронските уреди за да го прикаже нашиот нов осамен свет

Ова го читате на електронски уред? Сега замислете како би изгледале кога тој уред одеднаш би исчезнал од вашите раце. Осамено? Малку лудо?

Како што сме се повеќе и повеќе занесени во вртлогот на преносните екрани, дури и кога сме на фамилијарна вечера или дружење, наведнатата поза типична за некој што е занесен во телефонот е зачудувачки нормална овие денови.

Американскиот фотограф Ерик Пикерсгил создаде серија фотографии „Отстранети“, за да не потсети колку чудно изгледа сето тоа. На секоја фотографија „отстранет“ е електронскиот уред (отстранет е пред да се направи фотографијата) така што луѓето ќе гледаат во нивните празни раце, или во празниот простор помеѓу нивните раце, најчесто игнорирајќи ја околината. Резултатите се навистина тажни и морничави.

Фото: Eric Pickersgill.

Прочитајте и...  Позитивните ефекти од карантинот врз планетата Земја преку 11 фотографии
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top