in

Фотографија која го освои светот: Орангутан му пружи рака на човек за да го извлече од каллива река

Еден голем мајмун, кој живее во заштитената шумска област на островот Борнео, вчера го освои светот.

Имено, мајмун забележал заглавен човек во каллива река, па му пружи рака за да му помогне, пишува DailyMail.

Фотографиите кои освоија илјадници луѓе ги направил аматерскиот фотограф Анил Прабакар од Индонезија кој со своите пријатели бил на островот Борнео кога се случила оваа неодолива сцена.

Прабакар подоцна дознал дека човекот во реката работел за Borneo Orangutan Survival Foundation – невладина организација чија цел е да ги заштити овие загрозени видови мајмуни. Негова задача било од реката да ги извади змиите кои можат да го загрозат животот на орангутаните.

За оние кои ги интересира дали орангутанот на крај го извлече човекот од река, одговорот е не.

Прочитајте и...  Зоолошка градина става камера во кафез на леопард и го фаќа неспремен

Што мислите?

0 Поени
Upvote Downvote