Занимливости

Френк Хејз, човекот кој мртов победи на коњска трка (ВИДЕО)

Победата често доаѓа со многу раскошност, но не и за Френк Хејз кој победи во коњска трка и покрај тоа што беше мртов.

Коњските трки одржани во Њујорк на 4 јуни 1923 година засекогаш останаа запаметени поради еден немил настан – победи мртов џокеј.

Френк Хејз претходно никогаш немал победено и никој не очекувал дека тој ден ќе го земе првото место јавајќи го коњот Sweet Kiss.

Сепак, ниските очекувања не му пречеле на Хејз. Тоа што му пречело било неговото срце.

Во текот на трката, Хејз доживеал срцев удар и веднаш починал. Меѓутоа, не паднал од коњот, туку остатокот од трката го помина на седлото. Неговата смрт не е откриена се до крајот на манифестацијата, кога голем број луѓе се собраа да му ја честитаат победата.

Инаку, Френк по професија не бил џокеј, туку тренер на коњи и долгогодишен коњушар, а коњот кој го јавал повеќе никогаш не учествувал во трките и добил прекар „сладок бакнеж на смртта“.

Прочитајте и...  Во потрага по изгубеното

Најпопуларно

To Top