Дом и Градина

Функционално и практично – како изгледа уредување на стан од 23 квадрати?

Уредувањето на мал стан претставува вистинско задоволство доколку сте уметничка душа.

Пар од Австралија ви покажува како да уредите стан од 23 квадрати и да го претворите во функционално место за живеење.

Никогаш не би помислиле дека станот има толку мала квадратура со оглед на тоа колку добро е искористен просторот. Можеби ова ви звучи како нереално, но ќе се уверите откако ќе го погледнете видеото.

Големите прозорци прават илузија дека станува збор за поголем простор, а работната маса по потреба се претвора во трпезариска.

Погледнете го инспиративното видео од уредениот стан кое ќе ве убеди дека и малиот простор може да биде претворен во бајка доколку го уредувате со љубов и внимание.

Прочитајте и...  Како да го поправите изгребаниот кожен мебел?

Најпопуларно


To Top