Библиотеката отворена во кинескиот град Тјенцин е вистинско ремек-дело на современата архитектура.

Кога станува збор за најубавите библиотеки во светот, најчесто првата мисла на сите се величествените градби од минатиот век, кои ја рефлектираат тежината што остана од историјата.
Сепак, новоотворената библиотека во Тјенцин, во близина на Пекинг, со сигурност заслужува да биде на листата на најубавите библиотеки.

Оваа футуристичка библиотека се простира на пет ката, покрива 34.000 квадратни метри, а нејзиниот капацитет е неверојатен – 1.2 милиони книги.
Првите два ката на библиотеката се читални, книги и дневни соби, додека на другите се наоѓаат простории за состаноци, канцеларии, компјутерски и аудио соби.

Дизајнот на оваа зграда е резултат на соработката помеѓу холандската компанија MVRDV и Тијанџин Институтот за урбанистичко планирање и дизајн, а изградбата траела три години.

Фото: Профимедиа