Случувања

Гага и Купер повторно ќе разменуваат нежности пред камера?

Според „Холивуд лајф“, Лејди Гага и Бредли Купер преговараат за нова соработка на големото платно и, ако тоа успее, повторно ќе глумат двојка, но во друг жанр.

lady gaga bradley cooper

Имено, по „Ѕвездата е родена” – љубовната драма што ги спои, сега наводно, следуваат улоги во научно-фантастичен филм.

Третиот дел од Марвеловиот кино-хит „Чувари на галаксијата” е предвиден за 2021 година, а Лејди Гага можеби ќе биде нова суперхероина. Наводно, таа преговара за ликот на Лyла, во којашто пак, ликот на Бредли – Рокет Ракун ќе се вљуби.

По филмот „Ѕвездата е родена”, драмата продолжи и во вистинскиот живот… Прво Лејди Гага во февруари ја прекина свршувачката со Кристијан Карино, а пред околу еден месец и Купер се раздели со својата долгогодишна вонбрачна партнерка, манекенката Ирина Шајк.

Прочитајте и...  Ирена Ивиќ спасила едногодишно дете и станала херој во Америка
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top