Животински свет

ГАЛЕРИЈА: Човек пронајде семејство на глувци во својата градина и изгради неверојатно минијатурно село за нив

Фотографот Симон Дел неодамна налета на семејство на глувци кои живееле во неговата градина. Но, наместо да постави стапици, тој ги извади своите алати. Симон изградил минијатурно село за глувци, а тие му вратија со позирање пред неговата камера.

“Бев надвор еден ден фотографирав птици во градината и ја косев тревата кога забележав како едно глувче се движи на земјата”, рече Симон.

“Знаев веднаш дека тој е ѕвезда и веднаш отидов внатре да му дадам неколку кикирики. Седев таму, чекав и по некоја минута дојде по храната. Тогаш си помислив да му направам мало засолниште и безбедно место за да се сокрие и да јаде.Имав малку искуство со фотографирање диви животни и глувци, бидејќи имав уште едно глувче кое живееше во мојата градина и излегуваше само навечер. На почетокот имаше само еден глушец. Тој имаше исеченица на увото, го викавме Џорџ. Наредив неколку мали трупци околу една кутија како дом за глувчето и ги покрив со мов и слама.По неколку дена, забележав дека има повеќе од едно глувче во засолништето. За брзо, сите излегоа за малку храна.
Глувците сѐ уште се тука. Сега е зима, па деновите се пократки и излегуваат поретко. Сепак, јас ги гледам како излегуваат во текот на денот за храна. Исто така, им давам грст пердуви од стара перница, тие ги земаат нив за да ги направат своите кревети и да ги загреваат во овие студени зимски ноќи во Велика Британија.”

Прочитајте и...  Наишол на мечиња кои „танцуваат“ додека се шетал во шума во Финска, па се изненадил од неверојатната глетка

Најпопуларно


To Top