Галерија

ГАЛЕРИЈА: Лудата куќа во Виетнам

Виетнамската архитектка Данд Виет Нга имала сон да создаде куќа каква не постои никаде на светот. Покрај сите тешкотии кои ги носи оваа амбиција сепак таа успеала во својата замисла.

Лудата куќа, како што ја нарекуваат жителите на виетнамскиот град Да Лат, всушност е наречена „Гостинска куќа Ханг Нга“.

Првенствено била предвидена за живеење, но бидејќи во нејзината изградба биле вложени многу пари и труд, морала да биде отворена за јавноста.

Крајниот резултат: виетнамскиот град Да Лат е познато туристичко одморалиште во кое има комплекс со бањи, а Лудата куќа е една од омилените атракции.

Прочитајте и...  10 колоризирани фотографии кои го прикажуваат вистинскиот хорор на Холокаустот

Најпопуларно


To Top