Животински свет

ГАЛЕРИЈА: Прекрасни слики на бебиња Каракали, еден од најпрекрасните видови на мачки досега

Престанете со сѐ што правите и погледнете ги фотографиите од најубавите мачки во светот! Запознајте ги Каракалите или уште поспецифично бебињата Каракали. Овие прекрасни суштества биле од религиозна важност за античките Египќани. Ги има на нивните фотографии и бронзени фигури, а за нивните скулптури се верувало дека ги чуваат гробовите на фараоните.

Каракалите живеат во Африка, Средниот Исток и Индискиот потконтинент. Возрасните Каракали тежат до 18кг и можат да трчаат со брзина од 50 километри на час. Тие можат лесно да се припитомат и да се чуваат како миленичиња. Сепак, во некои држави тоа не е легално, па затоа пред да одлучите да чувате ваква мачка најпрво проверете.

Прочитајте и...  ВИДЕО: Родена е првата клонирана мачка во Кина

Најпопуларно


To Top