Галерија

ГАЛЕРИЈА: Зошто Националниот парк Кругер е едно од најинтересните места во светот?

Најголемиот резерват на диви животни во Јужноафриканска Република е дом на преубави видови, а во него секојдневно настануваат нереални фотографии од нивните возбудливи животи.

Постојат неколку места на планетава каде што можете да видите слонови, хиени, леопарди, носорози, нилски коњи, газели, жирафи, биволи и многу други интересни видови. Националниот парк Кругер е точка на картата на Јужноафриканска Република која може да се пофали со богат биодиверзитет и како едно од најзабавните и највозбудливи места на светот.

Скоро секој ден, посетителите на овој резерват и фотографите кои сакаат авантура, прават прекрасни фотографии кои сведочат за интересните ситуации во кои се наоѓаат жителите на Кругер, а ние Ви препорачуваме да погледнете неколку од нив и да ја почувствувате атмосферата на преубавата африканска природа.

Прочитајте и...  Фотографии кои докажуваат дека богатството не е пресудно за да бидеме среќни
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top