Галерија

Галеријата на нашата кичевчанка која ќе ве воодушеви со нејзините филиграни

Филигранската техника е многу позната уште од античко време, но ретко кога имаме можност да ѕирнеме во галеријата на некој од нашите краеви.

Кичевчанката Билјана Дамевска се занимава токму со оваа техника, создавајќи филиграни со срма која ја лепи со помош на игла. Прекрасните изработки и одземаат минимум 5 часа без прекини и паузи.

Како резултат на нејзиниот труд, можеме да се восхитуваме на нејзините традиционални филиграни чии мотиви се најчесто икони. Погледнете ја галеријата која ветуваме дека ќе ве остави без здив! Можете да го посетите и нејзиниот профил ТУКА.

Прочитајте и...  4,5 милиони цвеќиња го претвораат овој јапонски парк во вистинска бајка (ФОТО)

Најпопуларно


To Top