Македонија

Газдите ги намалуваат платите, ќе има и откази за работници!?

Дел од домашните компании кои немаат доволно работа поради новонастаната ситуација на вработените им рекле дека ќе им ја намалат платата. Во некои ќе се работи со половина работно време и секако – за половина плата, пишува „Фактор“.

Работниците се избезумени – најмногу страдаат текстилните работници, вработените во чевларската индустрија и дел од вработените во секторот туризам. Тоа го потврдуваат и експертите.

Од Фајнанс тинк велат дека ефектите од ширењето на коронавирусот за нашата економија се разновидни, а меѓу нив е секако и отпуштањето на работници, пишува „Фактор“.

Прочитајте и...  Eмина Јаховиќ удри по оние што прават резерви и залихи храна

Најпопуларно

To Top