Германските истражители денес соопштија дека го затвориле центарот за обработка на податоци поставен во поранешниот бункер на НАТО каде што биле активни сајтови на кои се тргувало со дрога и детска порнографија.

Како што на новинарите им откри обвинителот Јерген Бауер, главен осомничен во долгогодишната истрага која довела до вчерашната рација е 59-годишен Холанѓанец за кои властите веруваат дека во 2013-та година го купил бункерот на НАТО во град на реката Мозел во Западна Германија.

Тој потоа го претворил бункерот во голем и добро обезбеден центар за обработка на податоци и го направил достапен за клиентите само за илегални цели.

Истрагата е отворена против 13 лица на возраст од 20 до 59 години, вклучувајќи тројца Германци и седум холандски државјани

Тие се обвинети за формирање на злосторничка организација и разни други дела, вклучувајќи продажба на дрога, фалсификување на пари и документи и дистрибуција на детска порнографија.

Прочитајте и...  Авион паднал од голема висина, пилотот скокнал за да се спаси, а потоа се тргнало наопаку- еве како е спасен пилотот кој висеше на далновод
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за