Здравје

Гледањето реклами ги дебелее децата

girl watching TV

Децата кои редовно поминуваат долго време пред телевизорот се склони кон дебелина и со самото тоа што не се движат доволно.

Истражување спроведено на Универзитетот Беркли покажува дека и програмата која ја гледаат децата влијае на нивните прехранбени навики, како и тоа дека рекламите се директно поврзани со детската дебелина.

Истражувачите ги набљудувале животните навики на 3500 деца на возраст под 12 години. Била следена нивната килажа, времето поминато во движење, во какви околности живеат и што гледаат на телевизија.

Резултатите покажале дека децата кои највеќе биле изложени на реклами, имале и највисок индекс на телесна маса (индекс кој ја покажува килажата во однос на висината), додека гледањето филмови и цртани без реклами (на пример на ДВД-уред), немало влијание на нивната телесна тежина.

Околу 30 % од прехранбените производи кои редовно се рекламираат на ТВ-екраните се проблематични за децата, а огласувачите на реклами неретко апелираат токму на децата и така кај нив создаваат потреба за јадење благо и други нездрави намирници.

Прочитајте и...  5 рани знаци на аутизам кои сите родители треба да ги знаат

Децата, особено на претшколска вораст, сè уште немаат развиено когнитивни способности да ја разберат и препознаат убедливата намера на рекламите и заради тоа се многу подложни на маркетинг тактиките на индустријата за храна.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top