Глумицата Есме Бјанко која во мегапопуларната серија “Игра на Тронови” ја игра улогата на проститутката Рос, проговори за насилството во врските и покажала лузни од бичувањето на грбот.
“Ова е мојот грб. Повредите кои ги гледате се вистински, а настанале така што ме бичуваа во името на “уметноста”. Некогаш оваа фотографија ја гледав со гордост, бидејќи сметав дека тоа е доказ на верност кон мојот злоставувач. Денес ја гледам со страв. Иако оттогаш поминаа многу години, сè уште имам ПТСП, а кошмарите кои ги имам поради тоа се сè полоши”, напиша таа.
Објавила и фотографија од себе во младоста и опишала што сè се крие зад таа фотографија.

“Оваа фотографија е од мој роденден пред многу години. Ноќта претходно бев заклучена во соба, бев сосема сама и не спиев. Во тоа време јадев малку и често ми беше забрането да спијам, бев сосема исцрпена психички и физички. На оваа фотографија момчето мое ми дава подарок. Иако имам насмевка на лицето, гледам празнина и страв во своите очи”, додаде таа.
Есме на тој начин им се придружи на жртвите на злоставување кои своите приказни јавно ги изнесуваат како дел од #IAmNotOk движењето.
Извор: tocka.com.mk