Животни приказни

Го дала својот син на посвојување, но по 7 години дошла до шокантно откритие

Крис Смит имала 21 година кога донела одлука да го даде својот 3-годишен син Метју, на посвојување. Во тоа време, Крис немала работа. Таа знаела дека ова не е живот што треба да го живее едно дете, па само сакала да му даде можност за подобар живот.

Како дете, самата Крис била сместена во згрижувачки дом. Забременила на улиците, кога и самата таа била дете. Откако се откажала од Метју и го дала на посвојување, Крис била бездомник неколку години. Еден ден, сфатила дека сака да се бори за нејзиниот живот. Тогаш, се вработи во ресторан.

Крис започна нов животот, зеде стан, изгради круг на пријатели и се заљуби во човек со кого се омажи.

Сопругот на Крис имал свои деца. Кога Крис ја набљудувала неговата љубов кон нив, собрала храброст да започне да се јавува во социјални центри за да го најде нејзиниот биолошки син Метју. Зачудувачки, таа веднаш го нашла социјалниот работник кој бил задолжен за Метју.

Прочитајте и...  Писмо до мојата мајка

Поминаа седум години откако Крис се збогува од Метју. Цело време, таа претпоставувала дека Метју пронашол дом – но наместо тоа, ја дозна шокантната вистина. Метју живеел во установата каде што Крис го оставила. Тој никогаш не бил посвоен.

Она што се случи следно е толку неверојатно. Крис добила дозвола да го посети нејзиниот син. По неколку месеци, Метју почнал да живее со мајка му и конечно и официјално повторно станал син на Крис. Ова е еден од ретките случаи кога биолошка мајка го посвојува својот биолошки син.

Најпопуларно


To Top