Текстови и колумни

Го љубам мојот живот – Текст

Како за кула од карти, со секој изминат ден редиме по една карта, дека сме здрави и среќни што уште еден ден благодарение на тебе го живееме нашиот живот.

Секој од нас се труди таа кула од карти да не се растури туку-така, многумина од нас успеваат во тоа љубејќи го животот.

Часовникот на кој секоја помината секунда ја помрднува стрелката напред, ни вели дека ќе ти се порадуваме на тебе мој животе уште еден ден.

Секое утро чекаме сонце да ни се појави на прозорците, да нè разбуди таа прекрасна сончева светлина над нашите кревети за да ни каже дека дошол нов ден кој треба да го живееме за нас и да ни измами милион насмевки на нашето лице.

Всушност животот го гледам како една сапуница, и додека од неа излегуваат милион мали меурчиња со секој поминат ден, ние одиме напред и храбро чекориме во сите наши битки и порази.

Прочитајте и...  Колумна: Огнот ме избрка од домот. Потоа водата ме зароби таму

Но, не е тоа каков-таков живот, најважно е да го љубиме и никогаш да не се предаваме, животот е еден и единствен, нема репризи, денешниот ден што ќе помине – нема утре да ни се врати.

Да учиме од нашите грешки во животот за во иднина помалку или воопшто да не ги повторуваме бидејќи само така и на тој начин ќе успееме да го живееме.

Како што велат – човекот се учи од сопствените грешки, така и ние, од тебе мој животе ги учиме нашите грешки и лекции сè додека сме живи.

Знај само едно мој животе, слушни ме најубаво што ќе ти кажам – сега, во овој момент, и засекогаш ќе те љубам.

Каков живот живеам, тоа е најмалку или воопшто неважно, бидејќи според мене љубовта нема и не познава граници туку само се дава и подарува од дното на срцето и душата.

Таква една искрена љубов јас тебе, мој драг животе, ти ветувам сè додека сум жива секој ден ќе ти подарувам бидејќи знај и запомни – ТЕ ЉУБАМ МОЈ ЖИВОТЕ.

Прочитајте и...  Рецензија: „Записи“ - најновата книга на една млада авторка која ќе ја прочитате во еден здив

Малечка

Од збирка кратки раскази – Трепетот на душата.


Малечка е нашиот најнов дописник и објавуван автор и таа за себе вели дека е таа што е. Вечен борец за правда. А, нејзиното мото гласи – „Секогаш да и погледнеме на вистината во очи.“

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top