Случувања

Ѓоковиќ е дисквалификуван од US Open откако со тениско топче удри линиски судија (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ на неочекуван начин, со инцидент, го заврши настапот на УС Опен откако на мечот против Карено Буста со топче удри линиски судија, по што беше дисквалификуван.

Ова дефинитивно не е година на Новак Ѓоковиќ, по ситуацијата со коронавирусот на Адрија тур, нова голема глупост за Србинот.

Во отсуство на Надал и Федерер, се очекуваше Ѓоковиќ да нема многу проблеми до трофејот на УС Опен, но Ноле не сакајќи направи инцидент поради кој го заврши турнирот.

Тенисерот во моментов број еден во светот, со топче погоди еден од линиските судии во глава, по што беше дисквалификуван.

Инцидентот се случи во првиот сет при водство на Карено Буста од 6-5.

Извор: МКД

Прочитајте и...  И рекле дека е „црнчуга“: Внуката на Мајкл Џексон избодена седум пати во главата

Најпопуларно


To Top