Животински свет

Голема потрага во Франција: Црвена панда побегна од зоолошка градина во Лион

Црвената панда побегнала од зоолошката градина во местото Сан Мартен ла Плен во близина на Лион, а француските власти отвориле истрага.

78483207 563120634453263 8577056738153332736 n

Вработените во зоолошката градина велат дека пандата побегнала така што се качила преку гранките од дрвјата кои ги скршил неодамнешниот снег.

“Ноќта меѓу 14-ти и 15-ти ноември силен снег скрши многу гранки во паркот. Една од нашите мали панди знаеше како да го искористи тоа за да премине од дрво на дрво, и ја напушти безбедноста на својот дом”, напишале вработените на Фејсбук. Тие ги замолиле локалните жители да ја побараат пандата, но ги предупредиле да не се обидуваат да ја фатат, пренесува “BBC”. “Иако е безопасно мало животно со свилено крзно, таа има добри канџи и добри заби”, се наведува во објавата.

Вработените во зоолошката градина ја опишале оваа панда, инаку тригодишен мажјак, како добар качувач, кој не се плаши од висина и ги замолиле граѓаните да гледаат во крошните на дрвјата. Пандата последен пат била видена на оддалеченост од пет километри од зоолошката градина.

Прочитајте и...  Костарика планира да биде првата земја која ќе ја искорени употребата на пластика и јаглерод до 2021 година

Природен дом на црвените панди се шумите на Хималаите. Тие може да се најдат и во Бутан, Непал, североисточна Индија, северен Мјанмар и југозападна Кина. Овие животни не се блиски роднини на џиновските панди, и покрај сличното име. Уништувањето на шумите го намалило нивниот број, а иако ловокрадството опаднало, тие и натаму се на мета на ловокрадците, па се на листата на загрозени видови.

Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top