Македонија

Големо велигденско јајце со велигденска порака на 12 јазици на Плаошник

jajceplaosnik

Велигденско јајце, високо над 2 метри ќе биде вистински украс во дворот на црквата „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник. „Плаошката екипа“ со многу љубов и посветеност го изработи јајцето, а ќе биде напишата и Велигденската порака „Христос Воскресе“ на 12 светски јазици.

Јајцето е направено од арматура и стиропор и е обоено со посебна, водоотпорна боја. Околу него е поставена дрвена ограда, но и табли на кои, на 12 светски јазици е испишана Велигденската порака. Ќе биде напишана на французки, германски, англиски, грчки, полски и други јазици, објави OhridPress.

Додаваат дека јајцето е направено за здравје, а во чест на најголемиот христијански празник Велигден.

Традиционално, Плаошник е една од најпосетуваните дестинации за Велигденските празници, па се очекува и ова да биде уште една незаборавна глетка за постителите.

Прочитајте и...  ДЕНЕС Е ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Што велат традициите и обичаите?

Најпопуларно


To Top