Галерија

Град кој е буквално сместен под карпа

Колку и да ви звучи неверојатно, тука сепак живеат над 3.000 жители на кои веројатно не им пречи да бидат во град кој изгледа како да преживеал напад од метеор.

ova ne e fotosop grad koj e bukvalno smesten pod karpa 1

Овој мал град – Сетенил де лас Бодегас, кој е буквално сместен под карпа се наоѓа во Шпанија, а куќите и воопшто сите објекти биле градени во и под ѕидините на оваа карпа.

Верувале или не, луѓето одбрале да живеат тука поради практични причини, односно нивните домови се ладни во текот на летните, жешки денови и топли во текот на студената зима благодарение на карпата, а нивната единствена задача била да направат само фасада.

Сите ресторани, барови, кафулиња, продавници се прогласени за најдобрите во регионот.

Затоа туристите, освен што доаѓаат да го видат овој град под карпа, уживаат и во разните деликатеси како одличното вино, домашниот мармалад, слаткиот мед и секако вкусното кафе кое ги полни кафулињата штом ќе изгрее првото летно сонце.

Прочитајте и...  Сурова клима и речиси недопрена природа: Планината Ниџе и нејзиниот славен врв - Кајмакчалан

Погледнете како изгледа да се живее буквално под карпа, би се преселиле ли тука? 

Најпопуларно


To Top