Случувања

Граѓаните на Тирана секојдневно од своите балкони 15 минути во пренос на телевизија ќе аплаудираат во чест на лекарите

Граѓаните на Тирана се приклучија кон иницијативата секојдневно во јавен тв-пренос од своите балкони 15 минути да аплаудираат за сите лекари и медицински сестри кои се справуваат со заразата со новиот коронавирус.

Граѓаните, кои следејќи ги препораките на превентивните мерки за спречување на ширење на инфекцијата со Ковид-19, остануваат во своите домови, на тој начин им се заблагодаруваат на лекарите и медицинските сестри за нивните напори низ цела Европа, јавува АТА.

Албанскиот премиер Еди Рама ја поздрави оваа иницијатива за телевизиско емитување, повикувајќи ги сите семејства во Тирана и низ целата земја да ги пречекаат своите сестри и лекари кои се борат со коронавирусот од нивните балкони во 17:30 часот.

Во оваа земја бројот се зарaзените од коронавирусот е 38 лица од нив 22 се во Тирана. Еден од досега дијагностицираните, 73-годишна жена од Драч веќе почина, а во тешка здравствена состојба се уште две лица.

Прочитајте и...  Не си ги убивајте бабите и дедовците, седете дома: Порака од Хилари Даф до младите да бидат одговорни

Најпопуларно

To Top