Граѓаните се’ повеќе купуваат електронски: Надлежните најавуваат олеснета постапка и за малите пратки

Расте интересот за електронската трговија во земјава, а нејзиниот потенцијал го зголемуваат социјалните медиуми и пристапот  до паметните телефонски. Ова е заклучокот од конференцијата која денеска во Скопје ја организира Асоцијацијата за електронска трговија. Учесниците порачуваат – онлајн трговијата ги руши бариерите и е прилика домашните компании да се натпреваруваат на светските пазари.

onlajn shoping

Македонските граѓани во првата половина од оваа година, потрошиле 84 милиони евра на онлајн нарачки, или за 26 проценти повеќе во однос на истиот период лани.  Електронскиот начин на купување го претпочитаат речиси 40 проценти од корисниците на интернет, но оваа бројка ќе расте – прогнозира министерката за финансии, Нина Ангеловска. Електронската трговија одамна ја надмина традиционалната, вели таа.  Сепак, нелојалната конкуренција во оваа трговија е голем предизвик за домашните компании, поради што државата ќе ја менува легислативата со цел да обезбеди софистицирани платежни солуции:

„Со новиот Закон за платежни услуги ќе се направи либерализација за влез на нови компании со што ќе се зголеми конкурентноста и за домашните банки. Предизвик за домашните компании е нелојаната конкуренција во е-трговијата. Се работи на акциски план за да се адресира и да се намали даночната евазија а со тоа да се помогне тие средства да одат кај регистрирани е-трговци бидејќи е тешко менаџирањето на продавница за е-трговија и ние како влада треба да им го олесниме патот на малите и средни компании за да можат да растат и да ги пласираат производите и надвор“.

Прочитајте и...  На Лидија ѝ се заканува целосна парализа, а потребните пари никако да се соберат: Ова е итен апел за помош!
e trgovija konferencija

Ангеловска порача дека и на Царинската управа и’ се потребни повеќе ресурси за да се справи со проблемот што го создаваат малите пратки чиј обем се зголемува. Во оваа насока, наскоро ќе биде поставен скенер во поштата за да може и автоматски да се гледаат пратките што пристигнуваат и да се елиминира мануелната работа при царинење – ова е дел од новиот проект на Царинската управа кој ќе се реализира во соработка со Царината на Кореа – најави директорот  Ѓоко Танасоски.

„На крајот на годината почнуваме проект заедно со  Царината на Кореја кој е финансиран од нив и од Светска царинска организација, со што ќе овозможиме да имаме податоци за сите пратки во е-трговијата кои доаѓаат преку поштите.

„Со преземањето на претседавањето на поткомитетот за царини во рамките на ЦЕФТА планираме да предложиме нов регионален договор за регулација на електронската трговија. Сметаме дека со тоа ќе овозможиме развој  на малите, средните и микро претпријатија, со што ќе им се подобри пристапот до регионалните пазари“, најави Танасоски.

Прочитајте и...  ОГРОМНА ТPAГЕДИЈА: Две деца нacтрадаа во пожap во населбата Шуто Оризари

За овие прашања денеска се дискутира на втората годишна конференција на Асоцијацијата за е-трговија. Дел од конференцијата чиј домаќин е Скопје се 450 учесници од десетици земји од Европа.

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде