Случувања

Грција откри кога планира да ја отвори сезоната за странски туристи

На средината мај, грчката Влада ќе го соопшти планот за туристичката сезона, а ако сѐ биде во ред и епидемиолошките податоци се стабилни, на 1 јули со отворање на сезонските хотели, ќе се отвори и туризмот за странци, согласно она што денеска го изјави државниот министер на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за грчкото радо „Алфа 989“, јави дописничката на МИА од Атина.

– На 18 мај, ако сѐ биде во ред и ако имаме израмнување на кривата, односно епидемиолошките податоци што ќе се оценат тогаш, на 1 јули ќе отвориме за туризмот од странство, односно ќе се отворат сезонските хотели – рече државниот министер на Грција.

Герапетритис објасни дека периодот меѓу 15 и 20 мај ќе биде клучен, бидејќи тогаш очекуваат да го видат резултатот од постепеното олабавување на рестриктивните мерки и тогаш да биде донесена конечната одлука, но истакна дека независно од тоа дали ќе постои отежнување или олеснување на ситуацијата, потребно е владата да има подготвен план.

Прочитајте и...  Хари и Меган се повлекуваат од кралските обврски, стануваат финансиски независни

– На 15 мај ќе имаме целосен план за туризмот, што ги вклучува, прво, сите здравствени протоколи кон кои ќе треба да се придржуваат оние кои доаѓаат на туристички дестинации, второ, зајакнување на здравствените структури, онаму каде што е потребно и трето, протоколите што треба да постојат доколку се појави случај на ковид-19 – објасни Герапетритис.

Најпопуларно

To Top