Свет

Грета Тунберг е личност на годината според „Тајм“

Магазинот „Тајм“ ја прогласи шведската климатска активистка, Грета Тунберг за личност на 2019 година.

Главниот и одговорен уредник на „Тајм“, Едвард Фелсентал, рече дека Тунберг стана „најсилниот глас на најголемиот проблем со кој се соочува планетата оваа година“.

Тунберг е најмладата личност која досега го заслужила ваквото признание. На само 16 години таа се вброи меѓу најистакнатите светски активисти за климатски промени. Минатата година, на 15-годишна возраст, таа започна да протестира пред шведскиот парламент предизвикувајќи глобално движење за борба против климатските промени.

Од ваквите протести произлезе движењето, кое стана познато како „Петоци за иднината“, во кое се вклучија милиони луѓе во околу 150 земји.

Тунберг рече дека е почестена од признанието, но дека не делувала сама.

„Навистина е многу неочекувано и затоа сум секако многу благодарна заради тоа, многу благодарна затоа што ова е огромна чест…но, како што кажав и претходно, јас не сум таа која треба да биде личност на годината, тоа треба да бидат сите инволвирани во движењето „Петоци за индината”, затоа што тоа што го направивме, ние го направивме заеднички”, рече таа.

Прочитајте и...  Ќе се снима документарeн филм за Грета Тунберг

Најпопуларно


To Top