Живот

Здрави грицки за сечиј вкус – грицки КАДАБО

Во потрага сте по грицки кои ќе ги консумирате секој ден, а притоа ќе бидат здрави? Ние го имаме идеалното решение за Вас!

ГРИЦКАЈ ЗДРАВО, ГРИЦКИ КАДАБО е заштитен знак на компанијата за производство на солени и благи тостерки, различни видови на грисини на ДООЕЛ Кадабо, која постои и успешно функционира на пазарот неколку години.

„Кадабо“ произведува рачно изработени грисини од најквалитетни интегрални суровини во комбинација со повеќе видови семиња. Тие можат да бидат дел од вашиот појадок, ужинка, вечера или пак мезе со вашите гости.

Грицките на „Кадабо“ ќе ви ја дадат енергијата која ви е потребна за нормално функционирање и ќе ве остават сити во текот на денот.

Во палетата на производи може да најдете:
– Солени и благи тостерки
– Интегралки
– Солени ванилици
– Грахам грицки
– Санвита и
– Натурело

И да не го заборавиме најважното – овие грицки НЕ содржат адитиви, конзерванси и ароми со што се вбројуваат во производи со високи нутритивни вредности!

САНВИТА се солени грисини кои се изработени од основа на сончогледово брашно, семки од сончоглед, ленено семе, пченични трици, пченично брашно тип-500, прежелатинизирано пченично брашно и ‘ржено сладно брашно. Целокупниот производ е базиран на сончогледова смеса која му дава одлични нутритивни вредности, меѓу кои би ги споменале следните:
-Заситени масти 1,8
-Холестерол 0 мг.
-Протеини 7 гр.
на 100 гр. Санвита грисини

НАТУРЕЛО е вториот најнов производ на Кадабо. Станува збор за благи грисини, единствени на пазарот по вкус и состав. Натурело содржи: кршено зрно соја, интегрално ржено брашно, ленено семе, пченично брашно тип-500, прежелатинизирано пченично брашно и ‘јачменово сладно брашно, брашно од соја, декстроза, сируп од ванила и сето тоа добро замесено дава Натурело.
Содржи:
-Заситени масти 0,7 гр.
-Холестерол 0 мг.
-Шеќери 2,56 гр.
-Протеини 8 гр.
на 100 гр. Натурело микс

Во оваа група на семенски производи спаѓаат и ГРАХАМ грицките кои на пазарот ги пласираме со нова форма и амбалажа. Истите се изработени од цело зрно пченица, збогатени со зрна сончоглед и сусам и со тоа стануваат производи во групата на здрава храна со 0 мг. холестерол, 8,43 мг. диететски влакна, 1 гр. шеќер и дури 15 гр. протеини.

И добро познатите ИНТЕГРАЛКИ.

Грисините на Кадабо може да ги најдете во сите маркети во Прилеп и во ЗУР и Рептил маркетите во Скопје.

Производите се наменети за сите возрасти и вкусови

Едноставно е,
Грицкај здраво. Грицки Кадабо

Телефон за контакт
075/517-518
Facebook

Најпопуларно

To Top