Животински свет

Губењето на миленик боли повеќе отколку што можете да замислите

Доколку сте чувале миленик тогаш многу добро знаете дека не постојат зборови кои можат да ја опишат радоста и љубовта која тие ја носат во вашиот дом и живот.

stuff pets love Child And Set Pets dog cat rabbit mouse stuffpetslove

Милениците се совршеното друштво, не пречекуваат на врата, чекаат да си играме со нив, прават се за да не насмеат, знаат да не сослушаат, знаат да си играат со деца и ни нудат неограничена љубов.

Тие се секогаш тука за нас кога сме тажни и осамени, кога сѐ што ни треба е само една топла прегратка.

Ова објаснува зошто на луѓето им е многу тешко да се збогуваат со своите миленици. Губењето на миленик секогаш е трауматично и болно искуство како што е губењето на најдобриот пријател.

Многу луѓе ја потценуваат болката по губењето на миленик, па научниците го истражија степенот на болка во тие случаи.

Ова истражување е направено на универзитет во Мексико. Истражувачите ги прашувале сопствениците како се чувствувале по губењето на нивниот миленик и сите тие се согласиле дека болката е преголема и многу длабока.

Прочитајте и...  Да го прославиме Светскиот ден на жирафите преку магична фотогалерија!

Истражувачи од Хаваите дури откриле дека болката по губење на животното трае многу подолго од онаа која ја чувствуваме кога губиме некој близок. Ова единствено може да се објасни со фактот дека сопствениците на миленици се длабоко поврзани со нив и патат исто како да ја изгубиле својата сродна душа.

Ако имате некој во ваша близина што изгубил милениче, дадете му поддршка и оставете му време и простор да тагува.

Најпопуларно


To Top