Шоу бизнис

Хајди Клум и сопругот се бакнуваат преку стакло во страв од коронавирус: Не се чувствуваме добро, мораме да се однесуваме посовесно! (ВИДЕО)

Германската манекенка Хајди Клум уште вчера објави дека се сомнева дека е заразена со коронавирус, бидејќи истакна оти не се чувствува добро, за потоа да објави и видео на Инстаграм, на кое се гледа дека таа и сопругот се бакнуваат преку стакло.

Манекенката се сомнева дека се заразила за време на снимањето на емисијата „Јас имам талент“, па поради тоа повика на „посовесно однесување во овие кризни моменти“.

„Чувствував дека имам температура, ми беше студено и ми течеше нос. Останав дома да не ги заразам другите луѓе. Водете сметка и останете дома ако не се чувствувате добро”, вели манекенката.

Клум во објавата додава дека и нејзиниот сопруг, музичарот Том Каулик (29),  кој се вратил од турнеја, исто така чувствува дека е болен.

Прочитајте и...  Се затвораат сите гранични премини и аеродромот во Скопје

Хајди појаснува дека заради нивна лична, но и поради безбедноста на останатите, таа и нејзиниот сопруг одлучиле посебно да се самоизолираат, чекајќи ги резултати од тестот за коронавирус.

Најпопуларно


To Top