Случувања

Хакери пронајдоа пропусти во Zoom за Mac кои им дозволуваат да ви го преземат компјутерот

Zoom, популарната апликација за видео конференции во последните неколку години имаше многу безбедносни пропусти, а во последниот период поради пандемијата КОВИД-19, се повеќе компании и организации се одлучуваат да ја користат за одржување на настава и состаноци. Во последните неколку денови се откриени два безбедносни пропуста кои им дозволуваат на хакерите да преземат контрола врз Mac компјутерите, вклучувајќи ги камерата, микрофонот и дури и пристап до целосна контрола.

Пропустите се откриени од поранешен хакер кој работел за Америчката NSA, кој сега работи како главен истражувач за безбедност во Jamf.

При инсталирање на апликацијата, таа бара целосен пристап до системот со цел успешно инсталирање, но пронајдени се пропусти во начинот.

За да се искористи првиот пропуст, хакерите може да ги заменат деловите во инсталацијата кои имаат целосен пристап со нивни скрипти кои би им овозможиле контрола врз системот.

Вториот пропуст им дозволува на хакерите на вметнат злонамерен код во програмата, што би им дало пристап до камерата и микрофонот, без барање на дозвола од корисникот.

Прочитајте и...  Куќа стара над 250 години преселена преку река на сплав (ВИДЕО)

Извор

Најпопуларно

To Top