Сите ја знаат сцената од филмот „Маратонците го трчаат кругот на честа“ во кој на Ѓенка на својата слугинка и вели „Само пливај, изгледаш подобро од Хеди Ламар“.

hedy lamarr 750.jpg

Хеди Ламар, (родена Хедвиг Ева Марија Кислер) актерка и пронаоѓач, една од најубавите жени во свое време, па и сега, останала запаметена по тоа што е првата која се појавила гола на филмското платно во филмот Ecstasy 1933 година, на нејзина 18 годишна возраст, под тогаш моминското име Хеди Кислер.

За жал, она по кое што Хеди многу малку ја памтат е дека била многу талентирана за математика и била многу успешен пронаоѓач.

Иако била родена Австријка, од мајка и татко евреи, сакала да им помогне на сојузниците во борбата против нацистите.

Ангажирајќи се на истражувањата за радио техника, дошла до значајно откритие- го патентирала системот за далечинско водство на торпеда преку радио бран, кое било отпорно на непријателско мешање.

Америчката војска, сомневајќи се во нејзиното откритие на среде воени околности не го усвоила пронајдокот- меѓутоа неговото значење е препознато подоцна, така што денес на нејзиниот патент се засновани технолошки достигнувања со кои секојдневно се служиме, како што се Bluetooth, GPS и Wi-Fi.

Прочитајте и...  Од овчар до милионер: Приказна која мора да ја прочитате
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде