Психологија

Херман Роршах, психијатарот кој откри како функционира човековиот мозок

Во 1917 годин во едно градче во Швајцарија, психијатарот Херман Роршах започнал внимателно да разлива бои на хартија за да сфати како функционира човековиот мозок.

Тој ги прашувал луѓето што гледаат и воочил корелација помеѓу пациентите кои имале шизофренија и поставил теорија според која менталното здравје може да се процени според тоа како некој ги обработува визуелните информации.

Првите листови хартија на Роршах се објавени во 1921 година, една година пред неговата смрт. Откако тие стигнале во Чикаго, брзо се рашириле низ САД како популарен текст за личноста. Во втората половина на претходниот век трендовите како што била Фројдовската анализа ја изгубиле својата популарност, а овој тест станал синоним за псевдонауката.

Критичарите побарале мирување на неговата употреба. Меѓутоа, една значајна студија која ја објавило Американското здружение на психолозите утврдила дека овој тест е ефикасен во поставување на дијагноза за ментални болести повеќе отколку што мислеле.

Прочитајте и...  Формула на психологот Ебингхаус: Како да запомнете сè што сте учеле

Роршаховите картички и редоследот по кој тие им биле покажувани на пациентите никогаш не се промениле. За да ја зачуваат нивната корисност како алатка за поставување дијагноза, психолозите не сакаат да ги покажуваат надвор од клиниките.

Без разлика на научната расправа, Роршаховиот тест оставил длабока трага во културата во Америка.

Овие десет слики се најверојатно најмногу анализираните слики за 20 век.

Најпопуларно


To Top