in

Хероите кои спасиле најмногу луѓе во историјата на човештвото

Добро запаметете ги овие три имиња- тројца доброволци под името „чернобилски нуркачи“, инжињерите Алексеј Ананенко, Валериј Беспалов и војникот Борис Баранов.

„Никој никогаш нема да дознае колку се жртвувавме, нема ни да има споменик во наша чест, никакви паради, а ние може само да се молиме дека не беше се залудно.“

Чернобилската катастрофа според некои извори однесла помеѓу 4.000 и 93.000 човечки животи директно, а многу тврдат дека таа цифра е дури половина милион луѓе кога ќе се пресметаат последиците од разните болести кои ги предизвикала радијацијата.

Three Men Who Saved Millions | theTrumpet.com

Меѓутоа, исходот можел да биде и многу покатастрофален да не биле овие тројца момци. За да не дојде до втората експлозија, морало да се спречи мешањето на водата и металите, со други зборови некој морал да го отвори вентилот и да ја испушти водата која се наоѓала под реакторот.

Alexey Ananenko, Valery Bespalov and Boris Baranov. : ChernobylTV

Оштетениот реактор тонел и постоела опасност да се сруши се до поплавените простории, што би довело до уште една разорна експлозија која би уништила се во радиус од 200 км. Би го уништила Киев, би ја загадила водата за 30 милиони луѓе. Накратко, животот би бил невозможен во Украина и наредните неколку векови.

Тројца луѓе доброволно се пријавиле за да спасат 50 милиони животи, иако им било кажано дека после тоа ќе живеат уште недела дена.

Прочитајте и...  На денешен ден Чернобил стана град на духови - погледнете како изгледа денес (ФОТО+ВИДЕО)

Двајца од нив се сеуште живи. Алексеј Ананенко и Валериј Безпалов се сеуште живи, а Борис Баранов починал 20 години по катастрофата како последица на срцев удар. (По тој редослед се и на сликата погоре).

На доброволците им била дадена шанса да се откажат, но Ананенко подоцна во интервју кажал нешто што можеби и најдобро ја опишува нивната храброст.

„Како можев да одбијам, кога само јас знаев каде се наоѓа вентилот.“

Веќе доволно преживеале за да може целиот свет да слушне за нив (а добиле и ордени за нивната храброст), што секако придонесе и за популарноста на мини серијата „Чернобил“, која има фантастична 4,9 оцена на IMDB по мислењето на повеќе од 400.000 луѓе.

Chernobyl operated for 14 years after it melted down - Business ...

Што мислите?

2 Поени
Upvote Downvote