Занимливости

Хирург од Босна оперирал патник во авион

Хирургот Анел Окиќ од Зеница, кој работи во Кантоналната болница во Зеница, не ни замислувал дека патувањето до Колумбија ќе му остане доживотно во сеќавање, со оглед на тоа што на летот, кој траел 11 часа, во авионот „боинг 787“ му го спасил животот на еден Французин.

virgin australia plane OWLGINE0419
Onslow Western Australia October 10 2018: Virgin Australia Regional Airlines (VARA) Fokker 100 tail, wing and engine at Onslow Airport in the north west of Western Australia in support of the fly in fly out FIFO mining industry

Како што пишува босанскиот „Дневни аваз“, сè се случило на летот Панама – Париз, кога, по три часа лет некој прашал дали меѓу патниците се наоѓа медицинско лице бидејќи на еден од патниците му се слошило.

– Без размислување се јавив. Ме однесоа на крајот од авионот. Таму затекнав бледо момче кое тешко дишеше. На коленото, кое му беше потечено, видов рана. Рече дека бил во панамската џунгла и дека еден ден претходно нешто го каснало. Коленото беше инфицирано, а поголемиот дел од ногата потечена. Имаше покачена температура – раскажува Окиќ.

Затоа, Окиќ му рекол на екипажот дека раната мора да се отвори и исчисти. Тие му ја донеле потребната опрема, а потоа следувала операција.

Прочитајте и...  Нов луд тренд - Тетовирани пазуви

– Стјуардите ми помогнаа. Ја исчистив раната, го отстранив гнојот и ја завиткав. Се сомневав дека станува збор за голема алергиска реакција, па ставив и инфузија со хидрокортизон. По инфузијата и третманот пациентот се чувствуваше многу подобро, а потоа интрамускуларно му дадов и инјекција со антибиотик од широк спектар. Сè траеше еден час – вели Окиќ.

Кога сè завршило, екипажот и 300 патници во авионот му аплаудирале на храбриот доктор, кој вели дека станувало збор за сериозна инфекција што можела да има кобни последици.

– Можеше да се искомплицира. Можеше да дојде до животна опасност ако се развиеше алергиска реакција, бидејќи тешко дишеше. По два часа, се чувствуваше доста добро. Кратко по интервенцијата на разглас ми заблагодарија и ми оддадоа признание за сè што направив – истакнува Окиќ.

Најголем страв

Не крие дека не било едноставно да се одлучи на таква интервенција илјадници метри над земјата.

– Најголемиот страв ми беше да не се искомплицира нешто. И тоа секогаш е стравот, бидејќи некогаш и најмалата операција може да се искомплицира. Но, за среќа, специјалист сум на хирургија, па тие мали операции ни се рутина – вели докторот.

Прочитајте и...  Земји во кои живеат најмногу природни русокоси- Каде е Македонија на оваа листа?

Добил бесплатен лет

Стујардите, патниците и авиокомпанијата му биле благодарни на докторот и секако на крајот од летот Окиќ бил награден симболично.

– Дојде главната стјуардеса и ми рече дека добив бесплатен лет од „Ер Франс“ и ваучер да си купам што сакам од фришоп. Кога слетавме, пилотот ми се заблагодари за сè што направив – додава докторот.

Патувањето во Колумбија со соругата му било 70 патување на овој Зеничанин, која сака да шета низ светот.

Најпопуларно


To Top