Забава

Хит на интернет: Ги прскал верниците со пластичен пиштол, луѓето го фотошопирале ФОТО

Отец Тимоти Пелк, свештеник од Мичиген, стана онлајн сензација откако што одлучил малку да се забавува на Велигден, секако, почитувајќи ги мерките за социјално дистанцирање, ги прскал верниците со пластичен пиштол, со што претпоставуваме е света вода.

Месец дена подоцна, овој католички свештеник стана хит на интернет, бидејќи црквата одлучи да ги објави сликите на нивната Фејсбук фан страна.

https://www.facebook.com/stambroseparish/photos/a.1489292767954726/2600432953507363/?type=3

Интернет заедницата брзо реагираше, правејки „мимс“, па така Отец Тим се најде помеѓу пожарникари како гаси оган, но и во „Војна на Sвездите“ итн…

Мимовите кои се појавија на Твитер и Редит имаат хумористичен карактер, но и духовен ефект во време на пандемијата, вели свештеникот.

Пелк вели дека неговиот омилен мим е тој каде што ги прска демоните назад во пеколот, што е инспирирано од играта “Doom”.

Прочитајте и...  ФОТО: Како изгледа „Пипи Долгиот Чорап“ денес

Најпопуларно


To Top