
Последните патики на Пума станаа познати на социјалните мрежи по тоа што многу потсетуваат на Адолф Хитлер, лидерот на Нацистичка Германија.
Низ годините се појавуваа слики од мачки, кучиња и други предмети кои потсетуваат на Хитлер. Најновиот предмет се овие патики на Пума, за кои дизајнерите најверојатно не размислиле воопшто.
Патиките се наменети за жени и се викаат „Storm Adrenaline“, и имаат едноставен дизајн од црна, сива и бела боја, но црните траки на прстите и на јазикот многу изгледаат на диктаторот.
На социјалните мрежи им даваат „осум од десет поени во сличност“.


