Случувања

Холандија ги претвори своите автобуски постојки во рај за пчелите

Холандскиот град Утрехт постави 316 „зелени“ автобуски постојки, кои имаат покрив од цветни растенија, седишта од бамбус и ЛЕД-осветлување.

green bus stop

Властите на Утрехт, кој има 1,2 милиона жители, велат дека со зелените покриви сакаат да го зачуваат биодиверзитетот во градот, што е особено добро за инсекти како пчели. Ова е дел од стратегијата градот да се направи поздрав и посреќен. До крајот на годината, градот ќе воведе и 55 електрични автобуси и до 2028 сака да има „целосно чист јавен превоз“. Автобусите ќе ја добиваат струјата од локални ветерници.

„Зелените покриви ќе ја собираат прашината и ќе обезбедуваат сенка на жештини. Нашата мисија е да бидеме најсреќен регион во Европа. Бројот на жители во градот и во регионот забрзано расте“, изјави портпаролот на градот, додавајќи дека 96 постојки имаат и соларни панели.

utreht 584x410

Градот ги поттикнува и своите жители на вакви „зелени“ активности. Тие можат да добијат субвенции за да постават зелен покрив или соларни панели на своите домови, а услов за тоа е тој да биде поголем од 20 квадратни метри.

img
Прочитајте и...  Тамара Тодевска со песната „Proud“ вечер ќе настапи на Евровизија
Click to comment

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Најпопуларно


To Top