На северот од Индија е пронајдено бебе закопано живо, а девојчето го пронашол селанец кој копал гроб за сопственото дете, пишува Би Би Си.

sita new born baby

Шефот на локалната полиција Абинандан Синг рекол дека девојчето било ставено во земјен ќуп и закопано живо, како и тоа дека веднаш по откривањето бебето е префрлено во болница, пренесува Би Би Си.

„Додека копале гроб за него, на длабочина од три метри, лопатата удрила во земјен ќуп, кој е извлечен. Во него лежело бебе. Полицијата детето го однела во градската болница на лекување“, објасни Синг.

Тој додаде дека полицијата покренала истрага за инцидентот.

„Се обидуваме да ги пронајдеме родителите на девојчето и веруваме дека тие ја дале својата согласност“, им рече Синг на новинарите.

Како што се наведува, жените во Индија се социјално дискриминирани, а девојчињата се сметаат за финансиски товар, посебно во сиромашните заедници, па не е реткост мајките да прават абортус во случај да носат женско дете и тоа со нелегални средства, а во некои случаи ги убиваат и веднаш по раѓањето.

Прочитајте и...  ЧУДО ОД АВТОПАТ: Од Хамбург до Шангај за 4 дена, Русија даде зелено светло за старт на изградбата на 2.000 км на нејзина територија од вкупно 8.000 км
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

Leave a Reply

avatar
  Претплати се  
Известувај за