Астрологија

Хороскопски знаци кои имаат навика да се вљубуваат во погрешни

Дали имате впечаток дека колку и да се трудите, излегува дека цело време завршувате со погрешна личност?

Why Does Your Zodiac Sign Make You Fall For The Wrong Person 770x402

Некогаш тоа го припишуваме на лошата среќа, а некогаш на навиката да сакаме да спасиме некој што е очигледно лош за нас. На секого му се има случено барем еднаш во животот да биде многу вљубен во погрешна личност.

Се случува ваквата врска и да успее, но најчесто завршува со пропаст.

Сепак, постојат неколку претставници на хороскопот кои толку често го прават тоа, што другите може да помислат дека уживаат во погрешните избори:

Близнаци

Тие „паѓаат“ на погрешни бидејќи ниту самите не се сигурни што точно сакаат од новата врска. Запознавањето за нив е предизвик, но и покрај тоа никогаш не знаат да одговорат на прашањето кон што води тој однос. Со ваквите експерименти, тие самите си ја рушат секоја шанса да ја најдат вистинската личност за себе.

Прочитајте и...  Влијанието на Месечината врз хороскопските знаци

Девица

Девиците се уверени дека умеат да направат добри љубовни избори, а за да го мислат тоа, доволно е само врската да трае долго, без разлика на квалитетот. Најчесто „паѓаат“ на погрешни личности бидејќи мислат дека самите направиле лоша проценка и дека другата личност всушност е добра за нив.

Вага

Тие сакаат кога во нивниот мал универзум е сè совршено, а често совршеноста ја гледаат низ своите розови очила, па не забележуваат кога нештата „шкрипат“. Типично за Вагата е дека не само што ги игнорира проблемите, туку и упорно ги турка „под тепих“.

Стрелец

Стрелците си ја ценат слободата и немаат проблем да бидат во отворени врски. Но, тоа не е причина да не се вљубуваат во уши, иако не се сигурни дали личноста е вистинскиот избор за нив. Најчесто ги обвинуваат своите поранешни партнери за лошата среќа, но во пракса, самите тие не дозволуваат другата страна да се докаже.

Прочитајте и...  Илустратор ги црта страсните моменти на љубовта и блискоста


Најпопуларно


To Top