Сите имаме различен праг на толеранција, некои се избувливи, други вријат во себе. Кај секој од нас постои веројатност да се развие некаков тип на душевна состојба, па и пореметување и секој се носи со тоа на различен начин.

Horoskop
1200×1200 PI horoscope. SX970. CB488496935 . SX970

Хороскопскиот знак не е никаков предзнак за тоа, но согласно карактерните особини, вака најчесто реагираат припадниците на знаците во зодијакот во стресни ситуации.

ОВЕН

Овните се најагресивниот знак и се склони кон експлозивни испади што најчесто не соодветсвуваат со тежината на ситуацијата. Овните често завршуваат на часови за справување со лутината.

БИК

Најголема мана на овој знак е тврдоглавоста. Биковите имаат свој начин на правење на нештата и ако влезете во расправија со нив тоа би можело да трае со часови, додека не се согласите дека се во право. Тие се под најголем ризик да развијат опсесивно-компулсивно пореметување бидејќи ако не е по нивно ги фаќа паника.

БЛИЗНАЦИ

Имаат зависнички карактер. Дури и нивниот знак е во пар. Тоа значи дека не поднесуваат да бидат сами и имаат постојана желба да се чувствуваат сакани и посакувани и тоа мора постојано да им го потврдувате. Најголеми изгледи имаат за развивање на поделена личност.

Прочитајте и...  Хороскопски знаци во кои се раѓаат најуспешните заводнички

РАК

Склони се кон градење ѕидови околу себе. Тоа е од страв дека ќе бидат повредени, иако најчесто тој страв е неоснован. Најмногу се во опасност да развијат параноја.

ЛАВ

Во нивната природа е да бидат горди и ретко сознаваат и признаваат дека другите се подобри од нив. Имаат склоност да развијат нарцистичко пореметување на личноста.

ДЕВИЦА

Ако ја повредите, Девицата може да се претвори во огорчено и негативно суштество. Не поднесуваат да бидат сами и способни се да ги манипулираат луѓето за да останат со нив. Шизофренијата им е најголем ризик.

ВАГА

Најлоша е за себе. Вагите по природа се многу љубезни и пристојни со другите, но затоа се немилосрдни кон себе, мислејќи дека не заслужуваат да бидат среќни и сакани. Како резултат на тоа се склони кон самоповредување и ниска самодоверба.

СКОРПИЈА

Нивната вродена таинственост и мистериозност дополнително ги одвојува од другите. Одбегнуваат друштвени ситуации и се повлекуваат во себе, а длабоко во себе сакаат да се со некого. Кај нив е голема веројатноста за појава на анксиозност.

Прочитајте и...  Дневен хороскоп за среда (13. ноември 2019)

СТРЕЛЕЦ

Нивниот природен шарм се подготвени да го користат за задоволување на нивните мрачни потреби. Честопати, она што за другите е поим за пристојност, тие го сфаќаат погрешно. Можат да развијат антисоцијално однесување.

ЈАРЕЦ

Перфекционизмот што може да премине во опсесивно-компулсивно пореметување најмногу се однесува на работата. Приватно, бидејќи се љубоморни, може да станат параноични.

ВОДОЛИЈА

Овој екцентричен знак честопати оди по тенката линија на разумот и лудилото. Кога ќе преминат „на темната страна“ честопати имаат карактеристики на шизофренија. Имаат чудно поимање на тоа како функционира светот и може да „побегнат“ во некој свој свет ако овој не им се допаѓа.

РИБИ

Многу се чувствителни, особено на туѓото мислење за нив. Кога тоа ќе се спои со нивната нежна и романтична личност, може да дојде до развој на пореметување на личноста – зависност од туѓото мислење во секоја смисла на зборот и почнуваат да губат контрола врз својот живот и постапки.

Прочитајте и...  Тројцата најголеми заводници во хороскопот
Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде