Храбро се бори со сите препреки: Да и помогнеме на Марија да добие протеза за раката

Како последица од масивно мозочно крварење, пред околу 7 години Марија Андонова останала со тешкотии во движењето на десната рака. Прстите и дланката и се неподвижни, а со тоа и самостојното фунционирање и е отежнато.

Со цел да се подобри нејзината состојба, потребна е протеза за раката која чини речиси седум илјади евра (430.000 денари), а Марија треба лично да отпатува за Берлин во Клиника за протетика и ортотика.

Андонова е дипломиран економист, а веќе неколку години работи како офис-администратор, но во изминатиот период е на боледување. И покрај тешкотиите, таа доаѓа некогаш на работа, помага и покажува големи амбиции и се бори со сите препреки.

Броеви за донација:
Телеком 143 131 и ВИП 143 486 (без префикс)
Со секое јавување, се донираат 100 денари.
Жиро сметка: 300007043777450 Комерцијална Банка АД Скопје

Преземањето на содржините (слики и текст) е дозволено само делумно со наведување на извор (хиперлинк) до содржината која се презема.